Рендал Мекдугал долги години работел како воач на камион. Тој првезувал хемикалии што се користат како ѓубриво низ Арканзас, САД. За жал последната тура која ја направил со камионот за него била фатална.

Се случил некој проблем во камионот и 63-годишниот рендал сфатил дека камионот набрзо ќе експлодира. Веднаш повикал полиција и пожарникари и одлучил својот живот да го стави на второ место.

Наместо да го напушти камионот и да избега што е можно подалеку, тој продолжил да вози за да се тргне од населеното место во кое се наоѓал. Откако успеал да го однесе на една чистинка, тој не се откажал од спречување на експлозијата. За жал неговите напори биле залудни.

Експлозијата била толку голема што направила огромен кратер, ги скршила околните дрвја како и возилата на противпожарната служба. Благодарение на Рендал немало уште жртви во оваа несреќа. Голем број на луѓе се воодушевуваат на неговата храброст и го прогласуваат за вистински херој.

Сподели на Facebook
пати видено