Да бидеме искрени секој од нас може да заборави некое ѓубре во автомобилот и да заборави на него со денови, па и месеци, но што ако автомобилот почне да наликува на контејнер?

Еден возач ја поминал границата на неуредност и опасност и бил казнет од страна на полицијата, а и добил казнени поени.

Возачот бил стопиран од страна на полицијата во Бакингемшир, Англија. Откако полицајците ја забележале внатрешноста на возилото решиле да реагираат. Возачот подоцна бил и упасен, но за неповрзан случај. Полицијата објавила фотографија на нивниот Твитер профил од возилото кое е во целосен хаос.

Поради големиот број на отпадоци изгледа скоро невозможно возачот да дојде до педалите. Полицијата ја опишала ситуацијата како „опасна“ бидејќи пронашле ѓубре и зад педалите што значително ја намалува нивната ефикаснот.

Сподели на Facebook
пати видено