Ако сте го гледале хорор филмот Final Destination 2 тогаш сигурно се сеќавате на сцената кога од задниот дел од камионот испаѓаат дрва и го убиваат возачот во автомобилот зад нив.

Прилично морбиден момент зарем не? Иако ова изгледа сосема смртоносно, еден возач ја имал најголемата среќа во животот.

Возачот од Џорџија се движел по патот и одеднаш му паднала чашката со кафе за носење. Тој решил да ризикува за момент и се наведнал да ја земе. Во тој момент го поткачил задниот дел на камионот со дрва пред него. Дрвата испаднале и буквално навлегле во целиот автомобил.

Па како преживеал возачот? Бидејќи бил наведнат дрвата не удриле директно во него, а според полицијата останало доволно место само за неговата глава и на никој не му се верувало колкава среќа имал овој човек кој барал да остане анонимен.

Пожарникарите морале да исечат 30 до 40 дрва со моторна пила пред да започнат со процесот на сечење на автомобилот за да го ослободат возачот.

Потоа биле потребни од 10 до 15 минути за да се извлече човекот надвор. Возачот за среќа претрпел само помали повреди.

Сподели на Facebook
пати видено