Воспитувачка во градинка замрзнала 14 јајце клетки, пред да започне третман со хемотерапија, пред шест години. 39-годишната Џени Редоут била предупредена дека иако хемотерапијата може да и го спаси животот, најверојатно нема да може да има деца. Џени минатиот Божиќ се омажила за Стив и откако сфатиле дека таа нема да може да забремени по природен пат, решиле да ги оплодат замрзнатите јајце клетки.

Само пет успеале до ембрионската фаза. Потоа четири не успеале да преживеат пред да бидат подготвени за трансплантација, со што останала само една јајце клетка. Сепак сонот на Џени и Стив се остварил и тие ја дочекале Новата Година со нивната прекрасна ќерка, Бони.

Џени и нејзиниот сопруг се сеќаваат на деновите кога со нетпение чекале резултати во Центарот за фертилитет во Мидленд во Тамворт, за да дознаат дали ембрионите успеале да се развијат за да бидат всадени во нејзината утроба. „Секој ден по една испаѓаше. Така да до петок имавме само една. Следниот ден, сабота, требаше да биде денот кога ембрионот требаше да биде вграден. Но, ембриологот рече дека не изгледа многу добро “, вели Џени.

Разочараната двојка отишла на Германскиот Божиќен пазар и скоро се откажале од сонот дека некогаш ќе имаат свое дете. Но, наредниот ден добиле повик од клиниката дека ембрионот е во добра состојба и дека сега можат да го всадат во утробата на Џени.

Во август лекарите решиле да направат индуцирано породување, поради здравствената состојба на Џени, васкулитис, проблем на имунолошкиот систем, поради кој примала хемотерапија. Три дена подоцна ништо не се случило, затоа Џени имала царски рез и загубила многу крв. За среќа, мајката и бебето биле во ред.

Џени објаснува дека за време на бременоста многу се трудела за ништо да не му се случи на бебето: „За време на третманот за плодност, примив 296 инјекции, зедов 641 таблети и 253 хормонални таблети. Но, сето тоа вредеше.“ Нејзиниот сопруг Стив вели дека тој често плаче кога ќе ја погледне нивната 4-месечна ќерка, затоа што не верувал дека новата година ќе ја дочекаат со бебе.

Сподели на Facebook
пати видено