Поручникот Џошуа Филип Јабут беше уапсен во вторникот вечерта, откако украде тенк од база на Националната гарда во Вирџинија и предизвика двочасовна потера.

Јабут, кој, наводно, бил под влијание на дрога, кога го украл масовното возило М577, споделувал снимки и фотографии од неговата скоро 100 километарска рута, додека полицијата го бркала.

Покрај другите бизарни постови на Твитер војникот напишал: „Каде е ова проклето водено бафало“ и „Сѐ што сакам е да си купам аниме сопруга.“ 29-годишниот Јабут бил потполковник во инженерски баталјон од Националната гарда на Армијата на Вирџинија во Форт Пикет, каде што беше украдено возилото. Тој бил во служба 11 години. Исто така служел во Авганистан од 2008 до 2009 година со Националната гарда на Илиноис.

Возилото не било вооружано, а војникот иако имал оружје со него, во него немало муниција. Војник ја водел полицијата низ главниот град на Вирџинија, Ричмонд и се упатил низ центарот на градот директно кон зградата Капитол.

Во околу 21.40 часот, возачот бил опколен од полицијата. Војникот излегол од M577 преку отворот на покривот и клекнал на колена, а потоа не реагирал на наредбите. Војникот бил однесен во полиција и против него ќе бидат покренати неколку оптужби.

Сподели на Facebook
пати видено