Многу сопственици на кучиња кога требале да го изберат својот миленик се одлучувале според надворешниот изглед или расата која била популарна во тој период. Но, професионалните тренери за кучиња и експерти предлагаат да се обрне внимание на други карактеристики. Тие веруваат дека сите ќе бидат среќни кога потребите на кучето ќе одговараат на животниот стил на сопственикот. Има толку многу раси на кучиња и на секое куче му треба добар дом.

Куче чувар

Ако сакате кучето да се грижи за вашиот дом, најверојатно треба да размислите за Ротвајлер, Доберман или Германски Овчар. Овие раси се природни чувари, па тие не им веруваат на непознати и ќе ја заштитат вашата куќа.

Раси кои нема да ви одговараат: Златен ретривер, бидејќи вие кучиња се премногу пријателски настроени и секој крадец би го поздравиле со вртење на опашката.

Семејно куче

Ова е местото каде што Лабрадорот или Златниот ретривер ќе бидат непобедливи, бидејќи тие ги сакаат децата и се секогаш подготвени да се играат. И ништо не ги прави посреќни од трчање по топката. Доколку овие раси се преголеми за вас земете си Бигл.

Раси кои нема да ви одговараат: Пекинезер, бидејќи оваа раса претпочита да биде единственото дете во семејството.

Атлетско куче

Ако одите на трчање секое утро и ако ви треба тренер, размислете за Поентер или Сетер, бидејќи се родени за трчање. Ако сакате нешто малку помало, Џек Расел Териер може да биде добар избор.

Раси кои нема да ви одговараат: Англиски булдог или боксер или било која голема и крупна раса.

Куче за во скутот

Доколку ви треба пријателче за галење додека читате книга или гледате филм на каучот тогаш Француски Булдог или Малтешка Пудла би биле совршени за вас.

Раси кои нема да ви одговараат: Било која раса која има потреба од активност.

Куче за зафатени самци

Општо земено, кучињата се социјални животни. Но, некои раси се попогодни за да бидат оставени сами дома за разлика од другите. Ако планирате да го ставате кучето често само дома најдобар избор за вас е Шар-Пеј или Басет.

Раси кои нема да ви одговараат: Ретривери или Коли, бидејќи постојано бараат друштво.

Куче за повозрасни луѓе

Ако сте во пензија и сакате да си земете миленик добра опција ќе биде Бостонскиот териер, Мопс или Кавалерски шпаниел на кралот Чарлс. Тие се приврзани и разиграни без да бараат часови вежбање.

Раси кои нема да ви одговараат: Големи кучиња, затоа што тие се многу активни и бараат многу внимание и вежбање.

Куче за во стан

Изненадувачки, големината не е секогаш важна – темпераментот го прави тоа. Ако кучето е мало, тоа не мора да значи дека ќе биде среќно што живее во стан. Размислете да си земете Јоркширски териер или Булдог.

Раси кои нема да ви одговараат: Чивава, затоа што тие иако се мали, многу се активни.

Куче за домаќинство со различни миленичиња

Ако веќе имате домашни миленици дома, внимателно треба да ја одберете расата, бидејќи сигурно сакате вашите миленици да се сложуваат. Ретривер, Шпаниел и Коли секогаш се среќни кога имаат друштво за игра.

Раси кои нема да ви одговараат: Териери или борбени кучиња, тие имаат прекрасни личности, но во нивната природа е да бидат конкурентни.

Кучиња кои се толерантни на топлото време

Повеќето од нас го сакаат лето, но не сите кучиња ќе се согласат со вас. Изненадувачки, многу кучиња со кратко крзо сериозно би се бореле во тропска клима, бидејќи не зависи само од крзното туку од структурата на лицето и големината. Териерите најдобро издржуваат во топлите денови.

Раси кои нема да ви одговараат: Бернардинец, Самојед и Боксер.

Кучиња кои се толерантни на студеното време

Расите кои претпочитаат постудена клима обично имаат дебел двоен слој на крзно и повеќе телесни масти. Како што веројатно се очекуваше, добар избор е Маламут, Хаски или Самојед.

Раси кои нема да ви одговараат: Доберманот го мрази студот.

Доколку прв пат чувате куче

Ако сте нов сопственик на кучиња, тогаш Лабрадор, Коли, или Пудлица ќе бидат совршени за вас. Овие раси се многу интелигентни, релативно лесни за тренирање и не се тврдоглави.

Раси кои нема да ви одговараат: Шнауцер или териер, бидејќи бараат повеќе трпеливост.

Хипоалергично куче

Ако сте алергични на влакната од кучиња, тоа не значи дека не можете да имате куче. Првутот, кој е прицврстен за крзното на домашното милениче, е најчестата причина за алергии на домашни миленичиња, а Шнауцерот може да биде добар избор, бидејќи тие се познати по тоа што произведуваат помалку првут од другите раси. Друга добра опција е пудлица и мешанчиња од пудлица.

Раси кои нема да ви одговараат: Германски овчар, поради нивната сува кожа, можат да имаат многу првут. Раси со долго влакно.

Сподели на Facebook
пати видено