Во јапонската престолнина се појавија диносаури. Заслугата за ова е на високотехнолошка компанија која разработила роботизирани модели на праисториските чудовишта. Прв пред публиката беше претставен страшниот Тираносаурус Рекс. Тој дури се обиде да го „изеде“ својот создател пред објективите на камерите.

Се разбира, ова е само дел од претставата, бидејќи овие роботи-диносаури се создадени само за забавно-образовни цели. Тие се потчинуваат на човечки команди и позираат за публиката. Засега се конструирани само три вида диносаури, но компанијата има амбиции да создаде цел еден забавен парк, сличен на „Паркот Јура“.

Сподели на Facebook
пати видено