Петнаесетгодишна девојка била уапсена под сомнение дека ја убила својата мајка и нејзиното момче откако наводно била силувана од постариот маж, известува њујоршката полиција. Тинејџерката, чијшто идентитет не се соопштува, наводно се обидела да ѝ каже на својата мајка дека била нападната, но мајката одбила да поверува во тврдењето. Гневна од одлуката на нејзината мајка, девојката ја застрелала, а нејзин пријател го убил љубовникот на мајката, по што тинејџерката избегала во куќа на роднина.

Роднината се загрижил откако неколку денови не слушнал ништо од родителите на девојката, по што тинејџерката го признала стореното. Полицајците упаднале во семејниот дом на девојката во Шипсхед Беј и нашле тела во распаѓање на маж и жена. Иако иследниците првично помислиле дека се работи за убодни рани, полицијата подоцна утврдила дека се работи за прострелни рани.

tn01 tn02 tn03 tn04

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено