Во Лондон ќе се редефинира поимот за луксуз. Со амбициозен проектен план се планира изградба на „небесен базен“, направен целосно од стакло кој ќе се извишува десет ката над земјата.

Базенот со димензии 25 Х 5 метри и длабок 3 метри ќе биде направен од стакло дебело 20 сантиметри и ќе претставува своевиден мост помеѓу две станбени згради во лондонскиот кварт Најн Елмс. Изградбата ќе отпочне оваа година, а до 2018 купувачите ќе можат да почнат да се наддаваат.

„Мојата визија за Небесниот Базен води од желбата да се поместат ограничувањата во во можностите на градежништвото и инженерството“, вели главниот извршен директор на Балимор Груп, Шон Мулрајан. „Сакав да направам нешто што никогаш порано не било направено. Проѕорната структура на Скај Пул е резултат на значителниот напредок во технологијата во текот на полсендата деценија. Доживувањето во базенот ќе биде навистина уникатно, ќе се чувствувате како да лебдите во воздухот во централниот дел на Лондон.“

hanging-glass-pool-sky-embassy-gardens-ballymore-london-1 hanging-glass-pool-sky-embassy-gardens-ballymore-london-2 hanging-glass-pool-sky-embassy-gardens-ballymore-london-3

Сподели на Facebook
пати видено