Некаде помеѓу 2009 и 2010 година, 80-годишниот милионер по име Форест Фен го скрил своето богатство во мал бронзен ковчег некаде во „Карпестите планини“ во САД. Тајната за локацијата на богатство се крие во песна која тој ја напишал и објавил. Од тогаш богатството на Форест Фен стана познато и мажи, жени и деца од цела Америка и светот одат во „Карпестите планини“ со надеж дека тие ќе го најдат златото. Двајца трагачи дури снимија и ТВ шоу на популарната телевизија Fox. Во продолжение, погледнете ја потрагата на двајцата ентузијасти. Видеото е на англиски, но може да си пуштите автоматски превод десно долу.

Сподели на Facebook
пати видено