Поради целосното затемнување Месечината ќе стане црвена, кога Месечината ќе помине низ центарот на земјината сенка. Кога белата светлина од Сонцето ја погоди атмосферата на Земјата, сините бои ќе се расфрлаат, што значи дека само црвените бои ќе ја погодат месечината, давајќи ѝ морничава црвена боја.

Ова ќе биде првото централно затемнување на Месечината од 15 јуни 2011 година.

Затемнувањето ќе се случи овој петок и ќе биде видливо и од Македонија. Затемнувањето кај нас ќе започне да се гледа некаде околу 20 часот, а ќе трае 1 час и 40 минути. Ова затемнување исто така ќе биде и најдолгото целосно затемнување на Месечината во 21 век.

За да имате најдобар поглед за затемнувањето одберете места каде што нема многу светлина, доколку сте во урбана средина на пример на високи згради или за најдобар поглед посетете некое село. Или пак дојдете на Плоштад Македонија, на настанот организиран од Скопското астрономско друштво и заедно со нив проследете го целосното затемнување на Месечината, и опозиција на Марс. Црвената Планета на овој датум ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години, а со тоа и ќе се гледа најсјајно на ноќното небо. Затемнувањето ќе биде целосно видливо и над Источна Африка и Централна Азија.

Сподели на Facebook
пати видено