Младенче добиено по пат на вкрстување меѓу лав и тигрица се роди во руска патувачка зоолошка градина, а чуварите го хранат со козјо млеко, пишуваат медиумите. Младенчето е здраво и активно. Овој вид, наречен „лагар“ е многу редок бидејќи изгледите за парење меѓу лав и тигар се многу мали. Многу здруженија за заштита на животните го критикуваат вкрстувањето на животински видови како сурова постапка, бидејќи хибридите имаат здравствени проблеми, а често и деформации.

lagra

Лагрите растат многу големи, често и поголеми од двата родители. Најголемиот лагар на светот наречен Херкулес тежи 418 килограми.

„Тигрицата беше во сезона за парење, но немаше тигри и видевме дека страда без мажјак. Поради тоа решивме да ја ставиме заедно со еден лав. Долго време живееја еден крај друг, за на крај да профункционира“, изјавил Ерик Ариапетјан, управител на зоолошката градина, додавајќи дека такви хибриди во светот има само дваесеттина.

„Не можете да ги најдете во дивина, бидејќи едниот вид живее во Африка, а другите во џунгли. Ова се случува само во зоолошка градина“, вели тој.

Сподели на Facebook
пати видено