Научниците истакнаа нов модел во поддршка на идејата дека времето може да се движи двонасочно. Идејата дека би можеле да постојат безгранично многу паралелни универзуми не е нова, но што ако тие паралелни универзуми би се движеле во обратна насока. И оваа претпоставка не е нова, но сега група истражувачи од Калифорнија и Масачусетс изнашле нова теорија која посочува дека овој бизарен феномен би можел да се појави врз основа на многу поедноставни принципи од претходно сугерираните.

vr

За оваа идеја е клучна претпоставката дека насоката во која тече времето всушност нема никакво значење, бидејќи сепак на крајот ќе се однесува согласно со познатите закони на физиката. Ние нашиот концепт за времето коешто се движи нанапред го сфаќаме здраво за готово, но тоа не значи дека не би можело да оди и наназад. Ова би значело дека во некој паралелен универзум, нештата кои ни се случиле во минатото допрва треба да се случат во иднината. Но, како ова би функционирало од практична гледна точка, тоа сѐ уште останува нејасно. Дали тоа значи дека мртвите би се вратиле во живот, станувајќи сѐ помлади, ќе се претворат во бебиња и потоа во неродени?

Иако тешко дека ние би можеле да доживееме такво искуство, можноста за такво нешто со сигурност претставува интересна тема за размислување.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено