Малкумина луѓе можат да им одолеат на плодовите кои ги нуди летната и есенската сезона. Ова е и многу здраво, бидејќи 2-4 оброци со свежо овошје дневно можат да му помогнат на вашето тело „лошите“ маснотии да ги претвори во „добри“ маснотии.

Според најново истражување, ова се должи на супстанцата наречена ресвератрол, кој го има во многу овошја, а токму на него и повремената чаша вино се смета за здрава.

fruit1

Ова не е единствената полза од оваа материја. Во друго истражување објавено во „Гени и храна“ се прави осврт на ефектите на ресвератролот врз дијабетичарите. Се открило дека состојката ги штити дијабетичарите од срцеви заболувања така што ги штити крвните садови кои најчесто се оштетуваат како последица на промените во нивото на шеќер во крвта.

Покрај тоа, ресвератролот не го има само во овошјето. Путерот од кикирики, ф`стаците, темната чоколада исто така го содржат. Со оглед на тоа дека растенијата ресвератролот го употребуваат за да се справат со габичните инфекции, ултравиолетовата радијација и стресот, воопшто не е изненадување што е благотворен и за човечкото тело.

Сподели на Facebook
пати видено