На островот Пенанг, Малезија, е фатен мрежест питон со тежина од 250 килограми. Огромниот влекач, кој ги изненадил работниците на едно градилиште, бил уловен од членовите на Одделението за цивилна одбрана на Малезија. Се известува дека им биле потребни триесет минути да го уловат питонот.

zm01

Иако сѐ уште не е определена неговата точна должина, се претпоставува дека таа е подолга од досегашниот рекордер, питонот од зоолошка во Мисури, САД, наречен Медуза. Најдолгиот питон на сите времиња бил фатен исто така во Малезија во 1912 година, и неговата должина изнесувала неверојатни десет метри.

zm02

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено