26-годишниот Киеран Дафи се запознал со сега неговата сопруга Еми Хукам пред 6 години, во камп за луѓе со посебни потреби. Тие оттогаш не можеле да се разделат еден од друг и Киеран ја запросил Еми во 2016 година, а таа прифатила.

Нивната венчавка се одржа оваа година, откако Еми наполни 21 година. Она поради што луѓето парок го гледаат „чудно“ е фактот дека и двајцата имаат Даунов синдром, но ова не е никаква пречка за нивната силна и чиста љубов.

Мајка на Киеран, Теса, вели дека врската која ја има парот е „вистинска“ и дека тие заедно си ја испланирале свадбата до последен детаљ, од украси на маса до песни. Традиционално инспирирани завети биле кажани за време на церемонијата, но парот исто така ги охрабри сите гости кои присуствуваа да ветат дека ќе се запознаваат, зборуваат и ќе се смеат со непознати.

Секојдневниот живот носи предизвици за Киеран и Еми, кога станува збор за работи како проценка на вредноста на парите, но Теса вели дека тие совршено се надополнуваат. „Тие навистина добро се надополнуваат еден со друг. На пример ако отидат во ресторан во кој не биле претходно, Киеран можеби би имал проблем да го прочита менито, но Еми тоа го прави без проблем. Но кога станува збор да се побара помош во врска со нешто Киеран е поопуштен да побара, околку Еми која е срамежлива.“, вели Теса.

Во 2012 година Киеран се појави во медиумите како првата личност со Даунов синдром во Кент која го поминала тестот за „обично“ училиште. Тој продолжи да студира уметност и сега работи како учител во театарската куќа Хоп Сед, со седиште во Хазлит во Мајдстон.

Сподели на Facebook
пати видено