Градото Галдакао во Шпанија го постави првиот јавен фрижидер за да се нахранат луѓето коишто се гладни.

Неодамна пишувавме дека една третина од сета храна произведена во светот се фрла – што е вистинска перверзија со оглед на фактот дека 795 милиони луѓе во светот си легнуваат гладни и се хранат недоволно. Баскискиот град Галдакао придонесува во поправањето на оваа состојба така што ги советува своите граѓани остатоците од храната да ги оставаат во уличниот фрижидер.

Така, градот од 30.000 жители го создаде својот прв јавен фрижидер, со помош на кој без дополнителни прашања и без осуда, тие кои најмногу имаат потреба од помош би можеле да се нахранат, а тие коишто имаат доволно ќе имаат можност да даруваат.

Spain-1024x576

Алваро Саиз, кој порано водел банка за храна во Галдакао, дошол до идејата за „Фрижидер на солидарноста“ за време на рецесијата во Шпанија. Тој имал можност да биди како голем број на луѓе пребарувале по контејнерите барајќи храна и помислил дека мора да има подобар начин рестораните и поединците да се ослободат од неупотребената храна, така што ќе ја донираат за тие коишто ја немаат.

Саиз отишол кај градоначалникот и му го презентирал планот, а потоа и учествувал во поставувањето а фрижидерот на улицата.

„Кога дојде во градското собрание со оваа негова идеја, си помислив дека е луда, но и брилијантна. Како можев да кажам `не`“, изјавил градоначалникот Ибон Урибе за НПР.

Spain1-1024x767

Било потребно да се направи мало законско истражување како и да се соберат плани за да се покрене иницијативата, но градот најпосле успеал да собере средства во износ од 5500 евра, и променил дел од законот за да се спречи можноста градот да биде тужен доколку некој од граѓаните се разболи од храната. Не е дозволено оставање на сирово месо и живи јајца, и после четири дена, оставената храна мора да се фрли, но тие кои го одржуваат Фрижидерот на солидарноста велат дека и така храната не останува повеќе од неколку часа.

Рестораните во градот почнале своите остатоци да ги оставаат во овој фрижидер, а некои луѓе готват цели јадења само за да ги подарат на гладните луѓе. Училиштата организираат училишни посети на фрижидерот за да ги научат младите ученици како да споделуваат и да не бидат расипници.

Да се надеваме дека овој пример на добрина и великодушност ќе го следат градовите и луѓето од целиот свет.

Сподели на Facebook
пати видено