Новата атракција во форма на правоаголна рамка, од 50-ката, е составена од две кули со висина од 150 метри, поврзани со тунел долг 100 метри. Рамката однадвор ќе биде прекриена со позлатени профили од нерѓосувачки челик.  Поставена во близина на Стар Гејт во паркот Забел. Од мостот кој ќе ги поврзе двете кули, планирано е да има панорамски поглед кон стариот град на север и новиот град на југ.

Изградбата на оваа рамка започна во 2013 година и досега се потрошени 40 милиони евра.Од локалната самоуправа на Дубаи предвидуваат дека оваа атракција ќе привлече до 2 милиони посетители годишно, со оглед на нејзиниот невообичаен изглед  и првобитната намена. Изградена е со цел да претстави еден пресек на минатото, сегашноста и иднината на Дубаи.

Во внатрешноста е предвидено да бидат поставени две галерии од кои едната ќе го прикажува изгледот на Дубаи пред 50 години во минатото, а втората т.н. виртуелна галерија ќе претставува како би изгледал градот за 50 години отсега. Преку соодветна аудиовизуелна опрема, со интерактивни екрани посетителите ќе можат да имаат преглед на минатото, за културни настани и особености, градби и знаменитости.

 

Сподели на Facebook
пати видено