Во Чешка е најдена ретка библиотека на книги за вештерки и окултизам, собрана од шефот на Гестапо, Хајнрих Химлер. Химлер бил опседнат со окултното и мистицизмот, верувајќи дека со ваквите книги ќе го најде клучот за надмоќта на аријската раса. Книгите, кои се дел од голема збирка од 13.000 наслови, биле најдени во депото на Народната библиотека на Чешка, во близина на Прага, и за последен пат биле видени во 1950-те.

Heinrich Himmler, cheif of the Gestapo

Норвешкиот истражувач на масонството Бјорн Хелге Хорисланд во изјава за норвешкиот весник Верденс Ганг кажа дека некои од книгите се од библиотеката на норвешкиот Ред на слободните ѕидари во Осло, запленет за време на нацистичката окупација на земјата. Во 1935 година Химлер го основал „H Sonderkommando“, при што Н е скратено за Нехе, германски збор за вештерка – со цел да се најде што е можно повеќе материјал за волшепството, окултизмот и натприродното.

hm02

Поголемиот дел од збирката бил наречен „Вештерска библиотека“ и во неа главно се наоѓале дела за вештерките и нивното прогонство во средновековна Германија. Една од теориите на Химлер била дека католичката црква сакала да ја уништи германската раса преку ловот на вештерки во средновековна Германија, а исто така открил и дека една од неготе прапрабаби била изгорена како вештерка.

hm03

Адолф Хитлер никогаш не го споделувал ентузијазмот за окултното кој го имал неговиот главен касап, но му дал целосно право да ги изживее своите фантазии.  Книгите требало да бидат чувани во замокот Вевелсбург во западна Германија, „Црниот Камелот“ на нацизмот каешто Химлер основал тркалезна маса на СС „витези“, според легендата за кралот Артур и витезите на тркалезната маса. Овој замок денес е претворен во музеј, а централен дел на поставката е собата со свастика на таванот, кадешто се среќавал со своите СС витези. Историчарите ја анализираат новонајдената библиотека, по што норвешка ТВ компанија ќе сними документарен филм за откритието.

hm04

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено