Додека светот го прославува „Денот на Враќањето во иднината“, футуролозите веќе прават предвидувања за тоа како ќе патуваме, работиме и живееме по триесет години.

До 2045 година, тие предвидуваат дека ќе имаме „згради кои зборуваат“, прозорците ќе се заменат со реалистични видео бимови, а авионите ќе се управуваат сами. Но, нема да живееме во целосно автономно општество. Еден експерт дури верува дека ќе ја отфрлиме технологијата целосно и ќе се вратиме на моливите и хартијата, додека друг предвидува дека свеќите и инсенс стапчињата ќе бидат строго контролирани поради здравствени причини.

Предвидувањата биле направени од страна на специјалисти по вештачка интелегенција, роботичари и футуролози од австралиските универзитети како и од британската компанија Хјуден.

btf01

Хјуден, заедно со футурологот д-р Иан Пирсон, особено се фокусирале на тоа како ќе се прилагодат зградите во следните триесет години.

btf02

Д-р Пирсон верува дека до средината на овој век зградите ќе имаат вештачка интелегенција и свои „личности“ и ќе можат да им „зборуваат“ на луѓето. Домовите и канцелариите ќе собираат и процесираат податоци преку различни видови на сензори и ќе предупредуваат кога треба да се извршат поправки или кога треба да се вклучи греењето.

btf03

  btf05

Како резултат на тоа, нема да има прекинувачи или рачни контроли. Д-р Пирсон овие мрежни системи ги споредува со човечкиот нервен систем. Зградите ќе се градат од проѕирна бетонска пластика и други материјали кои го менуваат обликот кој може сам да се поправа и пополнува, а градежниците ќе имаат суперсилни работници половина луѓе, половина машини.

btf07

Овие машни ќе изгледаат слично како егзоскелетоните употребувани од Елен Рипли во Вонземјани, играна од Сигурни Вивер. Како што архитектите ќе се натпреваруваат да ги развијат највисоките згради во светот, ќе се развие потреба за развој на нов видови на лифтови на магнетен принцип.

btf08

Дури може да се стигне до тоа возилата да можат да се движат вертикално на лентите на лифтовите во внатрешноста на зградите. Германските инженери од ThyssenKrupp веќе започнале да работат на развојот на таква технологија, наречена Мулти, која користи магнетска левитација мазно и брзо да ги повлече кабините во хоризонтална и вертикална насока.

Д-р Пирсон верува дека зградите ќе бидат високи со километри, а некои ќе бидат толку големи што ќе можат да функционираат како градови. За споредба, највисоката зграда во светот денес, Бур Калифа во Дубаи, е висока 829 метри. Како што овие згради се издигнуваат меѓу облаците, прозорците ќе бидат заменети со виртуелни прозорци, реалистични видео панели преку кои луѓето ќе можат да си изберат глетка каква што ќе посакаат. Исто така се очекува и аеродромите да се извишат во височините и веројатно ќе бидат високи преку десет километри, а ќе се конструираат од јаглеродни материјали, како и други „умни“ материјали како видео плочки, материјали кои си ја менуваат бојата, па дури и електронски влакна во простирките и други меки украси.

Чистотата на зградите ќе биде засилена со стерилизација со помош на УВ и јонизирачки технологии, а дури ќе има и ласерска одбрана од инсекти. Но, недостатокот на изложеност на патогени може да предизвика повеќе алергии. Така од здравствени причини строго ќе се контролира употребата на свеќи, инсенси и мириси.

Во филмот „Враќање во иднината“ се предвидуваше дека до 2015 сите ќе имаме летачки автомобили, но ова конечно може да стане реалност до 2045 година. Но тоа што е поверојатно е дека авионите ќе станат поумни и можеби ќе станат автономни. Инженерот Хамза Бендемра од Австралискиот Национален Универзитет вели дека комерцијалната авијација ќе види значителни промени благодарение на млазниот погон и паметните материјали. Тој верува дек анапредокот во софтверските решенија веројатно до 2045 година ќе направи пилотите да бидат застарени и непотребни, на ист начин на кој денес јаваме коњи за забава, а не како средство за патување.

btf09

Авионите ќе бидат полесни и во нив ќе бидат вметнати сензори кои ќе им овозможат самите да се поправаат во случај на оштетување. Хемичарите од универзитетот во Бристол веќе развиле самопоправувачка состојка која би овозможила крилјата самите да се поправаат на сличен начин на кој човечката кожа се обновува себеси. Состојката ќе може да се употреби и за поправање на телефонските екрани. Ова вклучува додавање на мали шупливи микросфери во композитни материјали од јаглеродни влакна.

btf10

Употребата на нафтени горива ќе се смета примитивна, ако не и незаконска, а обновливите биогорива ќе бидат широко прифатена алтернатива. Млазните мотори ќе достигнат нови височини во ефикасноста, со што летањето ќе стане поефтино и подостапно за пошироките маси.

btf11

Во поглед на транспортот, д-р Пирсон верува дека самоуправувачките автомобили и камиони ќе станат сеприсутни до 2045 и никој нема да поседува сопствен автомобил, бидејќи со патувањето и патните мрежи е се раководи од компании и совети. Патиштата ќе бидат опремени со индиктивен електрицитет со кој ќе се напојуваат и придвижуваат самоуправувачките возила, а линеарите велосипедски патеки ќе го прават истото за велосипедите. Физички поспособните велосипедисти ќе можат да ги користат своите нозе кога ќе посакаат, но автоматизираниот велосипедизам ќе биде популарна алтернатива.

btf12

Но, овие патишта и велосипедски патеки можеби ќе станат излишни, бидејќи луѓето нема да мораат повеќе да патуваат во канцелариите благодарение на напредокот на комуникациските средства. Комуникациската технологија е едно од предвидувањата во „Враќање во иднината“ кои се покажаа како точни.

Во филмот се прикажува како Марти комуницира со колега преку видео повик на својот телевизор, додека Док Браун има машина за фацијално препознавање и анализатор на мозочните бранови.

btf13

Филип Бренч, професор по телекомуникации на Технолошкиот Универзитет на Свинбурн вели дека анализаторот на мозочни бранови ќе се усоврши до 2045 гои=дина, со што телепатијата ќе стане возможна. Но, тој не верува дека овие технолошки пробиви ќе продолжат и во следните децении. Дури може да се случи и апокалипска на економијата, општеството и природната средина, при што ќе мораме да се вратиме на моливот и хартијата или дури и на нешто уште попримитивно.

   btf16

 

Сподели на Facebook
пати видено