Бабата на овој млад дечко починала неодамна, па тој решил да истражува малку што има во страта, напуштена гаража која му ја оставила во наследство.

Како што се испостави, неговиот дедо во 80-тите години на минатиот век требало да отвори салон за продажба на ексклузивни автомобили, но потоа се разболел и бил принуден да се откаже од таа негова идеја.

Така внукот во гаражата откри сосема ново и не чепнато Ферари 308, а замислете го неговото изненадување кога, покрај Ферарито, под прекривката откри и ексклузивна верзија на Lamborghini Countach од серијата 5000S. Вреди да се напомене дека биле произведени само 321 вакви автомобили, а нивната цена сега е околу ПОЛОВИНА МИЛИОН долари.

Lamborghini Countach 5000S е опремен со 4,8-литарски V12 мотор со моќност од 380 КС. Но, можеби најинтересното нешто во оваа приказна е тоа што километражата на автомобилот била на нула, бидејќи тој бил „конзервиран“ во гаража сите овие години, и е зачуван онаков каков што бил произведен и купен за да стои во салонот за препродажба.

Сподели на Facebook
пати видено