Кина е земја со чијшто растеж во практично сѐ, никој не може да се мери. За жал, тој растеж носи и свои последици, и парадоксално, безобзирната економија покрај екологијата удира и во други основни сегменти на човечкиот живот како – храната. Поради големиот природен прираст во Кина, постојано има голема побарувачка за храна.

Во обид за штедење и полесно збогатување, воопшто не се има никакви скрупули ниту пак обзир кон здравјето на потрошувачите. Прво што ќе си помислите кога ќе слушнете „кинески производ“ се евтини (понекогаш и токсични) фалсификати. Кинезите јадат и евтина, фалц токсична храна.

1. Лажни тестенини од ориз

k01

Во 2010г.властите откриле огомни количества на тестенини од ориз кои биле направени од гнили зрна и со потенцијално отровни адитиви. Вкупно педесет фабрики од Кина во близина на градот Донггуан ги произведувале овие тестении. Властите проценуваат дека секој ден овие фабрики произведувале 550 тони токсични тестенини дневно, пред конечно да бидат затворени.

2.Меламинско млеко

k02

Во 2009г.53.000 кинески бебиња се разболеле од млеко кое било „збогатено“ со меламин. Меламинот има лошо дејство врз луѓето, и има сличен состав како и цијанидот. Четири од бебињата починале од отровното млеко. Се вели дека меламинот бил додаден во обид да се повиши нивото на белковини во млекото.

3. Светлечко свинско

k03

Во 2011г. една жена купила свинско за вечера. Не ги раскренала остатоците и среде ноќ станала да се напие вода. Тогаш забележала дека месото свети во темнината со сјајна сина боја. Анализата покажала дека месото било контаминирано со фофсфоросцентна бактерија.

4. Лажни јајца

k04

Употребувајќи мешавини на индустриски произведени состојки, некои прехранбени компании во Кина успеваат да продадат лажни јајца. Лажните јајца се прават од желатин, вода и прехранбени бои. Лажните лушпи се прават од восок.

5. Ореви полнети со цемент

k05

Во моментот ова е голем скандал во Кина. Измамници, во обид да заработат лесни пари, собираат празни лушпи од ореви наоколу. Потоа внатрешноста ја полнат со хартија и цемент и ги лепат. Звучи ризично и апсурдно, но ете, некои и во тоа гледаат бизнис. Цената на оревите во Кина е во пораст.

6. Месо од стаорци

k06

Последните неколку години биле уапсени повеќе од 900 луѓе кои се обиделе да подметнат месо од стаорци како нешто друго. Најчесто месото се претставува како говедско. и е произведено во крајно несоодветни услови. Според полицијата, измамниците често употребуваат забранети хемикалии и вбризгуваат вода за да ја зголемат тежината.

7. Лажен ориз

k07

Во 2011г. локалните кинески медиуми почнале да известуваат за нов скандал во кинескиот град Таијуан, во провинцијата Шаанкси. Според статиите, лажниот ориз бил мешавина од компири и пластика, и се продавал во градот. Претставник на Кинеското ресторантско здружение ја потврдил веста.

8. Фалц вино

k08

Ако нешто најмногу се фалсификува во кинеската прехранбена индустрија, тоа е виното. Многу од фалсификатите се само евтин овошен сок со етикети на скапо вино. Овие измамници се користат од наивноста на тазе-богаташите и нивното непознавање на виното.

9. Картонски пецива

k09

Ни уличната храна не ја одминуваат скандалите. Во 2007г. кинески весник објавил статија за улични продавачи во Пекинг кои пикаат кртон во нивните пецива со „свинско“. Продавачите со хемикалии го омекнувале картонот и го мешале со свинска маст, и потоа со мешавината ги полнеле пецивата.

Сподели на Facebook
пати видено