Можеби повремено ги исклучувате вашиот домашен интернет или мобилната мрежа за да се исклучите и да се релаксирате, но, ова е наша одлука а не одлука на државата. За разлика од нас, властите во Бали одлучиле да го исклучат интернетот на мобилните телефони 24 часа, во сабота во чест на „Нјепи“ (денот на тишината), односно Нова Година во Бали.

Очигледно, Индонезија е една од најповрзаните земји во светот; нивната влада дури и го затвора меѓународниот аеродром на денот на тишината. Портпаролот на министерството за комуникации на Бали, Ниоман Сујаја изјавил: „Се договоривме дека интернетот на мобилните телефони ќе се исклучи. Сите оператори се согласија.“ Минатата година владата имала исто барање, но не можеле да постигнат договор со операторите.

WiFi конекциите сè уште ќе бидат достапни во хотелите, како и за стратешки услуги како што се безбедноста, воздухопловството, болниците и агенциите за катастрофи, додека прашањето за интернетот во домовите сѐ уште се разгледува.

„Доколку го исклучиме интернетот луѓето нема да умрат и јас ќе го исклучам телефонот за време на Нјепи.“, се пошегувал гувернерот на Бали, Маде Пастика.

Сподели на Facebook
пати видено