Знамето на Нов Зеланд не е променето уште од кога земјата станала господство во рамките на Британската империја. Поради тоа владата на Нов Зеланд сега на јавноста ѝ дозволува да учествува во преосмислувањето на националнот знаме. Но, најверојатно не претпоставувале дека ќе добијат вакви предлози.

Еве како изгледа денешното знаме на Нов Зеланд.

nz01

Еве какви предлози испратил народот на Нов Зеланд досега.

„Њан Киви“

nz02

„Овој дизајн предлага Њан киви. Бојата на кивито ја претставува мешавината на раси од кои е сочинето нашето општество, а трагата ја претставува разновидноста на култури во новозеландското општество. Исто така, музичката тема Њан би можела да се употреби како свежа и многу поедноставна тема за националната химна.

 

„Да си го вратиме знамето“

nz03

„Време е да си го земеме нашето знаме од Австралија. Овој дизајна го доловува точниот момент кога нашето знаме повеќе никој нема да го меша со нивното. Дизајнот ќе им се допадне на сите Новозеландци ки сакаат да ја победуваат Австралија, како и луѓето од раните осумдесетти, а тоа е многу народ.“

„Гордото киви“

nz04

„На ова знаме е преставен еден од нашите национални симболи. Птицата киви. Киви гордо стои во средината на нашето знаме со со две бели ленти на двете страни кои ги претставуваат островите, а синото во средината ги претставува океаните.“

„Новозеландска магија“

nz05

„Навистина е едноставно и лесно за цртање, што ќе биде одлично за децата.“

„Народна Република Нов Зеланд“

nz06

„Ова знаме е за денешните и идните економски политики и меѓународни односи на Нов Зеланд. Ова е пример за убавина.“

„Знаме моа“

nz07

„Едноставно, а елегантно“

„Киви со знаме“

nz08

„Претставува киви, ѕвезди и знамиња“

„Овца и корнети“

nz09

Дизајнот го прикажува сето она што го претставува Нов Зеланд, бидејќи имаме многу овци и сакаме сласолет во корнет.“

„Чипс и риба без глутен“

nz10

Жолтиот мотив го претставува златното сонце и златниот чипс на нашата волшебна земја. Тоа е нашето британско културно наследство кое ги исплонува нашите срца со гордост. Рибата го претставува основниот извор на храна кај Маврите (откако сите мои биле истребени откако пристигнале колонистите). Не сме ја убиле сета риба, па така нашето знаме ќе биде безбедно и за сите луѓе кои не скаат глутен“

„Рестарт“

nz11

„Ова е за сета наша држава. Рестартирањето на традиционалното кое ќе не поднови.“

„Волненко“

nz12

„Имам чест да ви претставам знаме со кое секој Новозеланѓанин ќе се согласи. Се препознава глобално и ја претставува нашата зеленило на село, нашето сино небо, овцата личи и на долг бел облак. Исто така, се движи напред, а традицијата е претставена со ѕвездата во окото.“

„Сурфање“

nz13

„Животот едноставно е подобар кога сурфате. Сурфањето е важен дел од новозеландската култура. Дизајнот на знамето е чист, едноставен и елегантен. Ми се доапаѓа.“

„Среќно новозеландско знаме“

nz14

„Мислам дека ова може да биде добро знаме аа Нов Зеланд бидејќи е жолто и среќно и може да ги разведри луѓето.$

„Среќно киви“

nz15

„Бидејќи прикажува дека сме нација на среќни, безопасни киви.“

„Поделени“

nz16

„Нов Зеланд е поделен. Некои мислат дека треба да имаме ново знаме, а други не мислат така. Овој дизајн ги вклучува сите луѓе. Ги претставува сите. Ова е знаме зад кое можат да сеобединат сите луѓе, бидејќи ги претставува сите нивните разлики. Исто така, лесно се препознава и е лесно за цртање на децата.“

Сподели на Facebook
пати видено