Симболите се насекаде: во пораките, на патиштата, во рекламите. Тие нè опкружуваат додека пазаруваме или работиме. Многумина од нас не сфаќаат колку се длабоко вкоренети овие знаци во нашите животи. Сепак, голем дел од нас не знаеме како всушност настанале овие симболи кои се дел од нашето секојдневие.

10. Знак за штиклирање

Знак за штиклирање го користиме за да означиме нешто како правилно, одобрено или остварено. Тоа е симбол кој се појавил за време на Римското царство. Знакот V се однесува за veritas, што значи „вистинито“. Со текот на времето, знакот се променил, бидејќи луѓето почнале да користат пенкала со мастило. Мастилото не се појавувало веднаш по пишувањето, поради што левата страна станала пократка.

9. Симбол за рециклирање

Симболот првично се појавил на првиот Ден на планетата Земја во 1970 година 3-те стрели ги симболизираат необновливите ресурси кои треба да се зачуваат за идните генерации. Зелената е бојата на природата.

8. Симбол за предупредување за радијација

Симболот е креиран во 1946 година за да ги наведе сите радиоактивни материјали, предмети и зони. Значењето на знакот е прилично очигледно: тоа е атом и три вида радиоактивност (алфа, бета и гама).

7. Командно копче (⌘)

Симболот ⌘ може да се најде само на лаптоп тастатурите на Apple и никаде на друго место. Командниот симбол на Apple бил изведен од патоказите што се користеле во Шведска за да се одбележат познатите знаменитости.

6. Симбол за параграф

Овој знак често се наоѓа во книгите за означување на дел од текстот. Знакот произлегол од двојната S скратена од германскиот збор satz, што значи „една реченица“. Друга верзија сугерира дека бил формиран со 2 S-букви кои се скратени од латинскиот signum sectiōnis, што значи „ознака на дел“ или „параграф“.

5. Симбол за авторски права

Првите симболи кои укажуваат на авторското право се појавиле во 1670 година. Во САД во 1802 година, луѓето користеле долго известување за авторските права. Подоцна тоа било скратено на Copyright, 18__, од А. Б., а до 1909 година бил оставен само знакот ©.

4. @ (мајмунче) знак

Потеклото на овој знак е доста двосмислено. Традиционалната теорија сугерира дека @ ја покажува скратената верзија на латинскиот предлог „на“. Сепак, во 16 век, знакот се толкувал дека значи 1 амфора и единица на тежина, arroba. Знакот се преместил во јазикот на компјутерите откако англиските машини за пишување, го ставиле на тастатурата. Во Русија, знакот се нарекува „куче“, бидејќи, во 1980 година, овој знак имал мала опашка слична на куче.

3. Точка

Точката потекнува од Грција и постоеле 3 вида на точка (висока, средена и ниска) чија позиција го регулирала нејзиното значење. Кога се искажувала целосна мисла тогаш крајот се означувал со висока точка, но со текот на времето останала само ниската точка и до добила значењето „крај на реченицата“.

2. USB симбол

USB симболот е инспириран од трозабецот на Посејдон, кој што ја претставува неговата моќ. Тој ја симболизира моќта на еден уред кој се поврзува со било кој компјутер. 3 краеви ја означуваат универзалноста на употреба.

1. Тараба или Хаштаг

Во латинската средновековна литература, овој знак претставувал крст и бил читан како Cum Deo „Со Бога“. Исто така се користи за означување на знакот за тежина на lb.

Сподели на Facebook
пати видено