Сергеј е млад жител на рускиот град Подолск, кој со ударот во пијаната тепачка што ќе ја видите подолу ја изгубил меморијата. Сега тој не памети ништо од последните 5 години од животот. Сергеј не се сеќава на неговата девојка Дарја, со која секој ден мора повторно да се запознава. Убавата работа во нивната врска е што секој ден Сергеј повторно се вљубува во Дарја, и тоа ѝ е мотив да остане покрај него и заедно да се борат за нивната љубов.

Дарја и Сергеј биле заедно три години и планирале да основаат семејството, но сега младиот човек делумно ги изгубил слухот и видот и не се сеќава на нешто. Но, Дарја не се откажува и прави сѐ што е можно за да му ги врати спомените на нејзиниот сакан.

Сподели на Facebook
пати видено