Во изминатите неколку години, кинеската влада садеше илјадници дрвја во градовите низ целата земја, надевајќи се дека ќе создаде урбана шума која ќе се бори со загадувањето, како и да донесе сенка на јавните површини.

Напорот е пофален, но ако сакате да го испитате потеклото на некои од овие дрвја, ќе откриете вознемирувачки процес. Голем број од овие дрвја не се одгледуваат во нивната моментална урбана локација, туку биле преместени како зрели дрвја од руралните средини.

„Целиот концепт да се биде ‘зелен’ е целосно злоупотребен“, вели кинеската фотографка Јан Ванг Престон, кој го открил вознемирувачкиот тренд додека работела на проект за фотографирање на реката Јангце во интервали од 100 километри.

Во март 2013 година, Престон застанала во малото село наречено Хиалиу во провинцијата Јунан, каде забележала прекрасно 300-годишно дрво. Селото требало да биде срушено, бидејќи во близина се градела брана. Таа го фотографирала целото село за да останат фотографиите како еден вид на сеќавање кога целосно ќе го срушат.

Кога таа повторно се вратила во селото, не само што ги немало куќите туку не останало ниту едно дрво. Престон дознала од селаните кои се преселиле на повисоко место дека сите дрвја биле продадени за околу 10.000 фунти. Најголемото и најстарото дрво кое што Престон го нарекла „Френк“ било продадено на хотел со 5 ѕвездички кој допрва требал да се изгради.

Кога престон отишла да го види дрвото, забележала дека се наоѓа на празно градилиште, бидејќи изградбата на хотелот сѐ уште не почнала. Бидејќи дрвото не изгледало до најдобра состојба Престон прашала дали ќе преживее, а чуварите самоуверено ѝ кажале дека тоа нема да биде проблем.

Кога се вратила во хотелот во 2017 година, дрвото „Френк“ повеќе не било таму затоа што не успеало да преживее во тие услови.

„Трансплантацијата на дрвјата во Кина е сериозна индустрија. Огромен број на дрвја се земаат од руралните подрачја и се носат на големи растојанија во големите градови. Поголем дел од овие луѓе дури и не се грижат дали новата клима е погодна. Сум видела дрвја кои биле земени од Виетнам засадени на места премногу студени за нив. Затоа ги виткаат во огромни пластични кеси.“, вели Престон.

Овие фотографии се од нејзината неодамна објавена книга „Шума“, каде што ги запишува животите на дрвјата откорнати од нивното првобитно место на растење и трансплантирани во нови, честопати дистопски живеалишта.

Сподели на Facebook
пати видено