На почетокот Бог ги создаде небото и земјата. Земјата беше покриена со брокула, рукола, спанаќ и разнобојни овошја. Адам и Ева живееја долго и беа здрави. И тогаш Сатаната ги создаде сладоледот и бурекот со многу масло. И го праша сатаната Адам:
– Сакаш ли да додадам во бурекот и полномасно сирење?
– Сакам – одговори тој.
– И јас, исто така – се јави Ева.
– И да е посоленко, ако може.
И двајцата кренаа по 3 кг. И Бог го создаде био-јогуртот, за да може Ева да ја задржи својата фигура, затоа што Адам таква ја сакаше. А Сатаната го создаде пченичното брашно, квасецот и рафинираниот шеќер. Ги замеша и Ева помина од 36-ти на 44-ти број на облека.
И тогаш Бог рече:
– Јади со здравје од салатата од мојата градина.
– И додај сос од сино сирење и лепче со лук, полнето со кашкавал – потшепна Сатаната.
Адам и Ева ги откопчаа ремените после јадење.
И Бог рече:
– Би праќам свеж зеленчук и маслиново масло за здраво срце.
– Од мене по една печена кокошка – дополни Сатаната.
Адам и Ева качија холестеролот до небото. Тогаш Бог ги измисли печените компири без масло, со висока содржина на калиум и други корисни состојки. Сатаната одговори на ударот со пржен чипс и не пропушти да го посоли обилно. Адам и Ева кренаа уште килограми. Бог ги создаде патеките за трчање, за да можат неговите деца да ја контролираат тежината. А сатаната – телевизорот и далечинскиот управувач. Адам и Ева се сместија на каучот, со далечинскиот управувач во рака и си купија вибрирачки апарати за масажа на стомакот.
Бог ги создаде ниско калоричните производи. Сатаната – Мекдоналдс и хамбургерот.
– Сакате? – ги праша тој Адам и Ева.
– Двојна порција! – одговорија тие.
И добија инфаркт. Бог воздивна и го создаде бајпасот. Сатаната се насмевна и го создаде Министерството за здравство, Фондот за Здравствено осигурување и комисиите.

Сподели на Facebook
пати видено