Со децении ни се кажува дека јадењето масна храна може да нѐ одведе во предвремен гроб. Хорор приказните за затнати артерии и срцеви удари се норма, додека храната како тестенини се сметала за драва. Но, едно истражување ја побива оваа теорија – и шеќерот сега е државен непријател број еден. Всушност, мастите се добри за нас и би требало да ги сметаме за лек, тврди кардиологот д-р Асима Малхотра. Тој вели дека постои мноштво докази кои сугерираат дека не само што мастите нема да ви предизвикаат срцеви проблеми, туку секојдневната исхрана полна со масти всушност може да ве заштити од истите, како и од дијабетес тип 2.

Еве како тој ги објаснува своите контроверзни гледишта:

„Ова утро, како што правам повеќето денови, појадував омлет од три јајца испржен во кокосово масло, со кафе со полномаслено млеко. Потоа за ручек се најадов големо парче сирење, си полеав слободна доза маслиново масло врз мојата вечерна салата и низ целиот ден си грицкав ореви.

ms01

Кратко кажано, внесов значително количество масти и, како за кардиолог кој лекувал илјадници луѓе со срцеви болести, ова можеби се чини како невообичаено однесување. На крајот на краиштата, маснотиите ни ги затнуваат артериите и ни ја зголемуваат телесната тежина – или барем така нѐ уверува преовладувачкото стручно медицинско мислење. Како резултат на тоа, повеќето од нас минуваат години обидувајќи се да ја заменат полномасната храна со „нискомаслени еквиваленти“, надевајќи се дека тоа ќе нѐ направи во подобра форма и поздрави. Сепак, јас сега сум убеден дека наместо тоа, ние правиме невидена штета: далеку од тоа дека е добра за здравјето и помага во губењето на прекумерната тежина, нискомаслената исхрана всушност го прави спротивното.

Всушност, би отишол дотаму да кажам дека советот до 1977 година да го намалиме количеството маснотии во исхраната е причина за епидемијата на дебелост која ни се случува.

Тоа е смела изјава, но таква која верувам дека е поткрепена со серија неодамнеши истражувања.

Зошто ги охрабрувам моите пациенти да јадат храна богата со масти

Во последно време на своите пациенти, од коишто некои се со тешки срцеви заболувања, им кажувам да избегнуваат сѐ што е означено со „ниски масти“. Наместо тоа, го советувам да си конзумираат полномасни млечни производи како и други заситени масти како дел од здравиот начин на исхрана. Тоа е упатство кое понекогаш е пресретнато со запрепастеност и подотворена уста, заедно со моето барање да се држат понастрана од сѐ што ветува дека ќе го намали холестеролот – уште еден од тие прогласи дека тоа е нешто што ќе го подобри здравјето на нашето срце и артериите.

ms02

Но, како што ќе имаме можност да видиме, реалноста е далеку понијансирана: во некои случаи намалувањето на холестеролот може да ја зголеми смртноста од кардиоваскуларни заболувања, додека кај здравите луѓе над шеесет години, повисокиот холестерол може да го намали смртниот ризик. Зошто, ќе објасниме малку подоцна.

Првин, дозволете ми да разјаснам дека сѐ до неодамна, и јас мислев дека држењето на мастите до минимум е клучот за одржувањето на здравјето.

Всушност, може да се каже дека мојата исхрана се вртеше околу јаглехидратите – зашеќерени житарици, тост и сок од портокал за појадок, панини сендвич за ручек и тестенини за вечера беа чести на моето дневно мени. Добро, солидно гориво, или барем така си мислев, особено со оглед на тоа што сум страстен спортист и џогер.

ms04

А и покрај сѐ, сѐ уште имав појас од сало околу мојот стомак, колку и да играв фудбал или да трчав. Но, тоа не беше причината зошто почнав да истражувам за начинот како би можел да ја променам својата исхрана.

Отровната вистина за слаткиот шеќер

ms05

Процесот започна во 2012 година, кога прочитав една научна статија наречена „Отровната вистина за шеќерот“ од Роберт Ластиг, објавена во природонаучното списание „Природа“.

Во неа, Ластиг, професор по педијатрија кој работи во центарот за проценка на прекумерната тежина при Калифорнискиот универзитет, вели дека опасностите по човековото здравје предизвикани од зголемената употреба на шеќер се толку високи што производите со шеќер би требало на своите етикети да имаат исти предупредувања како и алкохолот.

Тоа ми ги отвори очите: како доктор, јас веќе знаев дека сѐ што е премногу е лошо за вас, но еве, некој ви кажува дека нешто што необмислено го јадеме секој ден полека нѐ убива. Колку подлабоко се нурнував, сѐ појасно ми стануваше дека шеќерот е тој, а не мастите, кој е прична за толку многу наши проблеми. Затоа, со група колеги специјалисти, минатата година ја покренав групата „Акција во врска со шеќерот“ со цел да ја убедиме прехранбената индустрија да го намалат додавањето на шеќер во процесираната храна. И тогаш во почетокот на оваа година ми светна. Во февруари, Карен Томсон, внуката на пионерот во трансплантацијата на срце, Кристијан Барнард, и Тимоти Ноукс, високопочитуван професор на универзитетот за спортска медицина во Кејптаун, ме поканија да зборувам на првиот Самит за намалување на јаглехидратите во Јужна Африка.

ms06

Бев заинтригиран, особено со оглед на тоа што и двајцата домаќини на конференцијата се фасцинатни ликови. Поранешна манекенка, г-ца Томсон храбро се преборила со бројни зависности како алкохол и кокаин, но во последно време еден друг бел прав – којшто таа го нарекува „чист, бел и смртоносен“ – ја натера да отвори прва клиника за рехабилитација и справување со зависност од јаглехидрати и шеќер во Кејптаун.

Проф. Ноукс, од друга страна, направи нагло U свртување од советот кој тој самиот го делел во неговата богата кариера, дека атлетите треба да внесуваат значително количество на јаглехидрати за да го подобрат својот перформанс. Како маратонски тркач, тој се сметаше за нагледен пример за полезноста од внесување големо количество јаглехидрати при спортувањето – а подоцна разви дијабетес тип 2.

Ужасната врска помеѓу шеќерот и болеста

Практично кинејќи ги своите сопствени книги, проф. Ноукс сега вели дека спортистите, а тоа се однесува и таквите како нас коишто трчаат во паркот, својата енергија можат да ја добијат од кетоните, не од глукозата. Со други зборови, од мастите, а не од шеќерот.

Заедно со петнаесет други меѓународни говорници, меѓу кои доктори, академици и здравствени актиисти кои предочија речито и засновано на факти рушење на општо раширеното мислење за „ниски масти“ – сугерирајќи дека внесувањето на јаглехидрати е тоа што ја предизвикува дебелоста, а не мастите.

ms07

….

Рафинираните јаглехидрати поттикнуваат зголемено лачење на инсулин, како последица на што се зголемува складирањето на масти. Земете го на пример шведскиот доктор Андреас Еефелдт, кој го води најпопуларниот блог во Шведска, „Доктор за исхрана“. Во неговата земја, статистиките покажуваат дека две третини од населението го заменува намалувањето на мастите со намалување на јаглехидратите. Би можеле да си помислите дека ова е темпирана бомба, но спротивно на очекувањата, додека насекаде стапката на луѓе со прекумерна тежина беснее, таму започнува да се намалува.

….

По двегодишно истражување, во кое биле вклучени шеснаесет научници, било заклучено дека исхраната богата со масти не само што е добра за губењето на прекумерната тежина, туку и го намалува ризикот за кардиоваскуларни заболувања кај луѓето со прекумерна тежина.

Сподели на Facebook
пати видено