Еден човек додека се возел по пат во Хаденхам, Англија забележал необична портокалова птица која излгедала како да не ѝ е добро.

Тој се јавил во ветеринарната болница „Tiggywinkles Wildlife Hospital“ и им кажал дека пронашол портокалова „егзотична“ птица на патот, а тие секако му кажале веднаш да ја донесе.

Кога ја однел птицата во болницата првин ветеринарите се збуниле и се обидувале да сфатат за каква птица станува збор. Сепак по деталниот преглед им станало јасно дека животното е далеку од егзотично, туку си имало еден проблем.

Всушност станувало збор за обичен морски галеб кој на некој начин целиот бил покриен со кари. На лекарите не им било јасно како птицата завршила во оваа состојба, но тие успеале да ја искапат и да ја окрепат.

Карито кое било и на неговите крила го спречувало да лета и поради тоа галебот се движел по патот. Персоналот во болницата одлучил да ѝ го даде на птицата името Вини, по Виндало кари.

Сподели на Facebook
пати видено