Падобранци постари од 90 години скокнаа од воени авиони над Нормандија за да им одадат почит на храбрите војници кои го сториле истото на Д-денот пред 75 години. Околу 280 учествуваа во скокот над францускиот брег.

95-годишниот Хари Ред беше еден од нив, како и неговиот 94-годишен поранешен колега Џок Хатон, а секако зад нив не заостана ниту 97-годишниот Том Рајс. Нивниот приказ ги оживеа смелите напори на сојузничките сили, кои го обезбедија првиот чекор на патот кон поразувањето на нацистите со офанзивата.

Ветераните се собраа во Портсмут, Даксфорд и Нормандија, додека кралицата Елизабета Втора и американскиот претседател Доналд Трамп ја поздравија храброста на оние на фронтот.

На 300 ветерани им се придружија повеќе од 4.000 лица вклучени во настаните на Д-ден во Велика Британија и Франција кој се смета за една од најголемите мобилизации на вооружените сили на Велика Британија во поновата историја.

Сподели на Facebook
пати видено