Голем број од Италијанците толку многу се плашат од градот што дури не се усудуваат ни да го изговорат неговото име.

Приказните за новороденчиња со две срца и три бели дробови како и сомнителните лизгања на земјиштето и сообраќајни несреќи среде морничавите рушевини довеле до тоа овој италијаниски град да се смета за еден од најпроколнатите во светот. Италијанците одбиваат да го изговорат неговото име и полицијата нема да ве казни ако ја зголемите брзината минувајќу низ патиштата околу Колобраро. А сепак, неговата мрачна репутација воопшто не му наштетитал на туризмот во тој дел од Италија. Секое лето се одржува фестивал на кој „клетвата се претвора во магија“ и кој привлекува бројни туристи кои имаат можност да научат нешто повеќе за историјата на градот.

cl01

Проколнатиот град: раскажувањата за чудни лизгања на земјиштето, сообраќајни несреќи и бебиња со две срца и три бели дробови на Колобраро му го донесоа статусот на најпроколнатиот град во Европа.

cl02

За време на фестивалот, изведувачите раскажуваат приказни за волшепства, магии и несреќни љубови. Актерите, кои играат улога на тажачи по починати луѓе, се прикажани како учестуваваат во изведувањето на сцена наречена „во куќата на мртовецот“.

cl03

Вештерката од Колобраро: нејзината пра-правнука одрекува дека била вештерка, но други сепак веруваат во тоа што се раскажува.

Жителите на соседните градови во регионот Басиликата во јужна Италија едноставно го нарекуваат „тој град“, и избегнуваат да минуваат низ рушевините на Колобраро кои наликуваат на лавиринт. Приказната за клетвата е стара колку и стариот град, а и самото негово име потекнува од латинскиот збор „coluber” кој значи змија, животно за кое се смета дека е отелотворување на злото. Иако од секогаш ова место предизвикувало страв, во првата половина на дваесеттиот век почнале да се шират гласини дека еден адвокат и вештерка ја оживеале клетвата.

cl04

Приказната раскажува дека Бјаџо Вирџилио бил богат локален адвокат кој никогаш не изгубил случај и се стекнал со бројни непријатели. Еден ден на суд, сакајќи да го истакне својот аргумент, извикал: „Ако тоа што го велам е лага, нека падне овој лустер“, и лустерот навистина паднал. Иако никој не бил повреден, неговото име станало синоним за лош знак и ја зацврстило злата репутација на Колобраро. Сѐ што е негативно било поврзано со неговата клетва, и поради тоа неговите потомци морале да го напуштат градот.

cl05

Подоцна, еден антрополог го посетил градот очајно барајќи „fattucchiera“, маѓесница која лекува од урокливо око и фрла магии. Така налетал на „La Cattre“, слаба жена изгорена од сонце и со длабоки брчки и си помислил дека конечно ја нашол личноста која ја барал. Но, се пожалил дека тој и неговиот тим истражувачи во текот на истражувањето станале жртви на мистериозни несреќи за време на нивните посети.

Оттогаш Колобраро станал познат како „дувло на вештерката“, но Елена ди Наполи, којашто е потомок на жената и е глава на туристичкиот одбор, изјавила: „Мојата пра-прабаба не била никаква вештерка, туку само стара женичка која можеби личела на таква.“

Со текот на десетлетијата се случиле разни лизгања на земјиште, сообраќајни несреќи, повреди и се шират приказни за собири на вештерки, што ги подзасилило суеверните верувања за градот – а Италијаните се познати по нивното суеверие. Се раскажува дека клетвата ги погодува само посетителите на градот.

Се разбира, оваа репутација на Италија ѝ помага и во развојот на туризмот. За време на летото се одржува фестивал наречен „Ноќен сон во Тој Град“, за време на кој изведувачите раскажуваат приказни за магии, клетви и несреќни љубовници. На влезот од градот се продаваат амајлии кои треба да ги вардат посетителите од лошите духови на градот.

cl06 cl07

„Ние можеме да ја претвориме клетвата во магија“, вели еден од организаторите. „Колобраро е волшебно место, дојдете овде и ќе разберете зошто. Се извишува на врвот на последниот рид пред морето и има глетки кои го одземаат здивот. Тука нема ништо зло. Сите тие чудни приказни потекнуваат од широко распространетото верување дека ние носиме лоша среќа, но тоа го велат жителите на соседните градови бидејќи отсекогаш ни завидувале. А зависта е зло.“

cl08

cl09 cl10 cl11 cl12 cl13 cl14

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено