Случајна минувачка, жена по име Тиа Пауел, се шетала низ паркот Кианис во Вилијамсбург, Вирџинија, кога одеднаш забележала дека една верверица ја следи.

Жената не знаела како да регира кога животното постојано застанувало пред неа и ѝ го блокирало патот. Таа сфатила дека верверицата има нешто наумено и дека нема да ја остави на мира и решила да го следи живоното.

Тиа ја сфатила сериозно верверицата кога почнала да ја влече за фармерките. Таа ја одвела до под едно дрво каде што на патеката за пешаци лежело нејзиното повредено бебе. Жената која вели дека таа и нејзините деца многу сакаат животни, во исто време се исплашила и возбудила и решила да ја тргне малата верверичка од патот, а потоа се јавила и во здружение за животни со цел да и помогнат со малото суштество.

Бидејќи од здружението не можеле да дојдта веднаш во паркот пристигнала полицијата и ги земала двете животни. Се верува дека малата верверичка била повредена од локална мачка-скитник. Затоа откако била однесена на ветеринар, таа и нејзината мајка биле однесени на друга локација за да бидат побезбедни.

Неколку дека потоа Тие заедно со нејзините две деца отишла на таа локација во паркот и им ги покажала двете верверици кои сега безгрижно си шетале по гранките на дрвјата.

Сподели на Facebook
пати видено