Верното куче Дета го изгубило сопственикот во септември минатата година и сега за него се грижи Тереза Морини, ќерката на покојната 86-годишна жена. На видеото се гледа момент кој ги крши и најсилните срца, како Дета седи го гробот на нејзината газдарица иако Тереза и нејзиниот сопруг ја повикуваат.

Дета на крајот тргнува кон автомобилот, но застанува кога сопственичката ќе го сврти грбот. Сопругот на Тереза тогаш вели: „Дета мора да ги напуштш гробиштата, ајде.“ Но, малото куче одлучува да се врати назад до гробот. Тереза ја повикува Дета и емоции ја преплавуваат кога гледа колку е решително кучето да остане таму. Тереза потоа објаснува дека нејзиниот сопруг морал да ја земе во раце Дета и да ја внесе во автомобилот.

Видеото е снимено во ноември, два месеци откако починала мајката на Тереза, кога парот сакал да положи Божиќен венец на гробот. Кога го објавила видеото на интернет, Тереза објаснила дека кучето било „постојан придружник“ на нејзината мајка: „Дета и припаѓаше на мојата мајка пет години, а потоа ја наследив Дета по смртта на мајка ми. Мојата мајка имаше 86 години кога почина и не излегуваше многу од дома. Дета беше нејзиниот постојан придружник. Мојот сопруг и јас го положивме Божиќниот венец на гробот на 15 ноември. Надгробната плоча до која стои е на мојата мајка и татко. Се уште може да се види свежата земја на гробот на мајка ми. Таа почина на 24 септември 2017 година. Дета беше толку тивка кога пристигнавме, што не е нејзин карактер. Мојот сопруг мораше да оди и да ја земе во раце од гробот.“

Сподели на Facebook
пати видено