Село во Индија е во голема тага откако починал 65-годишен фармер, неговото куче и крава. Фармерот М. Мокусу се обидувал да ја спаси неговата крава која дошла во контакт со кабел за напојување.

Тој ја изнел кравата на пасење кога таа згазнала на кабел за напојување кој бил искорнат од ветровито и влажно време. Кравата паднала, а Мокусу починал од електричен удар додека се обидувал да го оживее животното. Кучето на фармерот, сакало да го спаси сопственикот и го земало кабелот во уста за да го оддалечи од него, но за жал и тоа починало од ударот.

Полицијата се упатила кон местото каде што се случила трагедијата и официјалните претставници го прекинале снабдувањето со електрична енергија, но било предоцна, се вели во извештајот. Локалните жители, исто така, ја посетиле локацијата откако слушнале за кучето што се обидувало да го спаси својот сопственик. Инцидентот се случил во селото Калкондапати во близина на Усилампати во Тамил Наду.

Сподели на Facebook
пати видено