Иако била огласена тревога и биле поставени двојни црвени знамиња за присутните на плажата да не влегуваат во водата некои луѓе едноставно не ги сфаќаат сериозно овие предупредувања кои можат да доведат до фатални последици.

Маж и жена биле фатени во силни струи во близина на Панама Сити плажата, Флорида. Обидот да ги спасат бил прилично опасен при што шерифот кој скокнал во водата за да им помогне скоро и самиот се удавил. Сепак луѓето не можеле да дозволаат да гледаат како два човечки животи згаснуваат пред нив.

Набрзо сите луѓе на плажата се организирале и формирале „човечки ланец“ за да го спасат парот од сигурна смрт. Пожртвуваноста се исплатела и мажот и жената биле безбедно донесени на брегот, како и шерифот. Ова само покажува дека заедно сме посилни и дека доколку имаме добри намери и чисто срце можеме многу да постигнеме. Погледнете го видеото од неверојатното спасување.

Сподели на Facebook
пати видено