Кањонот во пустината Моаб во Јута, САД беше важно место за младенците, Рајан Џенкс и Кимберли Веглин. Оваа пустина била местото каде што двојката се запознала, каде што Рајан ја запросил Кимберли и каде што на крајот се венчале над 120 метри над земјата, стоејќи на специјална мрежа.

Кимберли и Рајан ги сакаат екстремните спортови, па решиле да ја направат нивната венчавка посебна пригода која ќе ги потсетува на нивниот животен стил во секој детаљ.

Тие поставиле посебна опрема за качување во кањонот, ставиле посебна мрежа и направи коридор со јажиња.

Таткото на невестата бил толку исплашен што неговите нозе му откажале и кога му требал да оди со својата ќерка по патека, паднал. Но, сепак станал и го продолжил својот пат храбро.

Не сите гости биле доволно храбри да ја следат невестата и младоженецот, многу од нив ја гледале свадбата од најблиските карпи. За да бидат сигурни дека сите ги слушнале нивните свадбени завети, невестата и младоженецот имале микрофон.

За време на церемонијата, пријателите на младенците оделе на јажиња над карпата, имало параглајдинг и забавни трикови.

Кога ги прашале дали сакаат да бидат сопруг и сопруга, двојката извика: „Секако да!“ Во овој момент, 10 женски скокачи скокнале од карпата и расфрлале илјадници цветни ливчиња.

„Три години ги држиме меѓусебните судбини во рацете, постои посебен вид доверба и врска меѓу нас. Нашата авантура нè потсетува дека не треба да губиме време од нашите животи и да обрнуваме внимание на проблемите кои всушност не постојат.“, напишала Кимберли на нејзиниот Инстаграм профил.

Сподели на Facebook
пати видено