Замислете си никогаш да не мора да застанете да го наполните вашиот автомобил. Токму тоа Хајвејс Ингланд (Англија Пат) планира да го имплементира за возачите на електрични возила. Автомобилите ќе бидат опремени со бежична технологија и потоа ќе се возат на патишта со специјално електромагнетско поле поставено под нив. Пробите ќе траат осумнаесет месеци пред да се донесе решение за тоа да се примени на јавните патишта.

Ова не е првпат ваква технологија да го види светлото на денот. Во 2013 година, јужнокорејскиот град Гуми издвои патен правец од дванаесет километри со кој на специјални автобуси им овозможи полне токму со истата технологија.

„Превозната технологија напреднува со забрзан чекор и ние сме посветени да го поддржиме развојот на возилата со ултра ниско испуштање на штетни издувни гасови на патиштата во Англија“, пишува главниотпатен инженер на Хајвејс Ингланд, Мајк Вилсон. „Пробите со бежична технологија ќе помогнат да се создаде одржлива патна мрежа за Англија и да се отворат нови можности за бизнисите коишто транспортираат стоки низ целата земја.“

Хајвејс Ингланд планира осумнаесет месеци да ја тестира оваа технологија пред да се донесе решение проектот да се примени врз јавните патишта.

electric-car-charge-road-highways-england-1

Под патот се закопани електрични кабли кои создаваат електромагнетско поле, кое потоа се лови од намотката во возилото и се конвертира во електрицитет.

electric-car-charge-road-highways-england-5

Владата на Велика Британија веќе поствети 500 милиони фунти за следните пет години за да ја држи Британија во првите редови на оваа технологија.

electric-car-charge-road-highways-england-4

Сподели на Facebook
пати видено