Продолжува потрагата по разбојниците кои со секири влетале во Риц хотелот во Париз и избегале со накит вреден 4,7 милиони евра. Пет маскирани мажи го скршиле армираното стакло во хотелот, додека преплашените гости гледале што се случува. Инцидентот се случил вчера околу 18.30 часот.

Сведоците опишале дека тоа бил момент на „тотална паника“, а некои од нив тврделе и дека слушнале истрели од огнено оружје додека разбојниците ги празнеле кутиите во продавницата за накит во хотелот. Купувачите во продавницата успеале да ја известат полицијата, а откако пристигнала успеала да уапси тројца разбојници, а двајца избегале со големото количество на накит. Едниот успеал да избега со мопед, а другиот со автомобил, Рено Меган.

Хотелот се наоѓа покрај француското Министерство за правда кое е чувано од вооружени војници во текот на целиот ден. Рзбојниците имале пиштоли во рацете и кога влегле во хотелот им наредиле на гостите и вработените да легнат на земјата. Потоа со секири ги кршеле стаклата на витрините со накит и го ставале накитот во торбите. Тројцата мажи кои биле уапсени имаат околу 40 години.

Се појавија шпекулации дека разбојниците се дел од познатата банда „Пинк Пантери“ составена од мажи од Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна, која е одговорна за едни од „најдобрите“ грабежи во криминалната историја. Еден криминолог ги опишал нивните кражби како „уметност“. Сепак полицијата не доставила информации за идентитетите на разбојниците, ниту пак дали се дел од оваа група.

Сподели на Facebook
пати видено