Мозаик откриен во бањата на антички римски град сугерира дека човечкото чувство за „валкан хумор“ не е нова особина.

Се наоѓа во денешна Турција, Антиохија и Црагум некогаш бил дом на повеќе од 6.000 луѓе за време на Римската Империја. Последната деценија, овој крајбрежен град бил на место за археолошките проекти кои им кажуваат на истражувачите се повеќе и повеќе за тоа како живееле античките општества – и како се шегувале. Како што се испоставува, античките Римјани имале изопачена смисла за хумор.

Историчарот и експертот за мозаици Бирол Кан вели дека има многу малку тоалети со мозаици кои успеале да „преживеат“ и уште помалку кои прикажуваат човечки фигури. Но, овој има и прилично валкани шеги.

Мозаикот го прикажува Ганимед, младо момче од Троја најчесто насликано со стап во едната рака и обрач во другата, како се игра. Во грчките митови, Ганимед бил киднапиран од орел, кој всушност бил Зевс, и бил однесен на Олимп да му биде чувар на Зевс, за што истражувачот Мајкл Хоф вели дека служело како метафора дека Ганимед му бил „секс-играчка“ на Зевс.

„Митот веројатно служел како начин да се објасни заедничката институција на постара машка / помлада машка хомосексуална наклоност“, објаснил Хоф. Во мозаикот во бањата Ганимед нема обрач, туку сунѓер на стапот, кој се корстел за чистење по посета на тоалетот, наместо орел имало чапја, која го држи сунѓерот во клунот и изгледа како да го брише пенисот на Ганимед, што значи дека момчето имало или планира да има секс.

Исто така до него е прикажан и Нарцис, момчето кое толку се заљубило во самото себе кога си го видело одразот во реката, што се удавило. Но, на мозаикот бил насликан со долг нос, кој воопшто не бил привлечен, но во овој случај го претставува неговиот пенис.

Овие мозаици биле сместени секако во машкиот тоалет и се верува дека луѓето прилично добро ги прифаќале овие шеги. Хоф вели дека по понатамошните истражувања, неговиот тим планира да го прикаже мозаикот во музеј.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено