Неверојатна комбинација на генетиката вродила со близначки со целосно различна боја на кожата: еднаа сестра има црна кожа, а другата бела. Резултатот е толку вчудоневидувачки што нивиот сопствен татко вели дека е тешко да се поверува дека се воопшто сестри, а не пак близначки.

kb-1

И сосема е нормално да се чуди човек, бидејќи Кендал и Бејли не се обични близначки – вакво нешто се случува еднаш во милион случаи.

kb-2

Мајката на близначките, Ребека Хортон, вели:

„Кога се родија, постојано гледавме во нив, не можејќи да си поверуваме на очите. Беше прекрасно чувство и голем шок. Барем во едно нешто сум сигурна, семејството и пријателите воопшто нема да се мачат да ги распознаат.“

28-годишната г-ѓа Хортон е бела, додека нејзиниот сопруг Мартин Куртис е половина Јамајканец. Разликата во бојата на кожата на близначките веројатно се должи на тоа што не се идентични, иако и покрај тоа вакво нешто се случува исклучително ретко.

kb-3

Вообичаено, и двете бебиња подеднакво би требало да добијат мешавина од гени и да имаат иста боја на кожата. Но, во овој случај кој се случува еднаш во милион, Кендал ги наследила гените кои ја прават нејзината кожа црна, наследени од нејзиниот татко, а Бејли ги наследила белите гени на нејзината мајка.

kb-4

Три-месечните сестри исто така имаат и многу различни личности. Кендал е многу опуштена и може да спие по цел ден. Спротивно на тоа, Бејли е гласна и постојано бара внимание. И постојано го добива, каде и да одат со нејзината сестра, бидејќи луѓето не можат да се изначудат кога ќе дознаат дека се близначки.

Сподели на Facebook
пати видено