Дали сте се запрашале што ќе се случи ако еден ден луѓето можат да патуваат на други планети, да живеат таму и да имаат сосема нормално секојдневие? А како би изгледале нивните домови таму? Одговор на тоа прашање дава Кралската опсерваторија Гринич, која претстави изложба за животот на Марс. Всушност, Илон Маск и Спејс Икс веќе планираат да испратат луѓе таму, и тоа веќе во 2024 година, а Стивен Петранек смета дека до почетокот на 2037 година таму ќе бидат населени и луѓе.

mr01

Домот кој Петранек и астрономите од Кралската опсерваторија го претставија е изграден пред неколку месеци од компанијата Вајлд Криејшенс. Куполната куќа е направена од материјали кои наликуваат на почвата на Марс, во комбинација со рециклирани материјали од вселенски летала. Куќата има специјално заклучена влезна врата која е дизајнирана да ги заштити жителите од различните атмосферски влијанија и ниската температура на Марс. Населувањето се планира во долината Маринерис, кој е 4000 километри долг и 100 километри широк кањонски систем на Марс.

mr02

Оваа куќа има голем прозорец на едната страна, а внатре има простор за спиење, скали, платформа за одгледување растенија, 3D принтер, микробранова печка, диспензер за вода и машина наречена Мокси, дело на НАСА, која го собира, компресира и складира јаглеродниот диоксид.

mr03 mr04

Сподели на Facebook
пати видено