Непознат човек се обидел грабне тримесечно бебе од рацете на неговата мајка Ирен Кајал од Буенос Аирес. Непознатиот ѝ се приближил од зад грб и ја турнал, а потоа се обидел насилно да ѝ го одземе детето. На снимката на безбедносните камери се гледа борбата меѓу напаѓачот и храбрата мајка, чиишто врисоци на крајот успеале да го натераат во бегство со празни раце.

Бјанката, бебето на Кајал, џумка на главата, но освен тоа нема други повреди. Се верува дека напаѓачот, кој сега за сега е сѐ уште во бегство, ги следел мајката и детето откако се симнале од автобус. Раскажувајќи за ужасното искуство во сабота, г-ѓа Кајал кажала: „Првото нешто кое ми падна на памет е да почнам да викам. Врескав – моето бебе, не, не моето бебе!- но тој почна уште посилно да го тегли. Еден сосед ги слушна моите врисоци и затоа тој избега. Мислам дека случајно ме избрал мене, но навистина не знам што му минувало низ главата. Беше среде бел ден!“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено