На видеото се прикажани двајца ловци, наоружани со пушки, како се обидуваат да се приближат до стадо слонови во Намибија. Може да се види дека нивната цел е еден слон од стадото при што еден од нив му кажува на другиот: „Пукај му помеѓу очите.“

Тие и двајцата пукаат и погодуваат еден слон, со што тој паѓа, а во стадото се крева паника. Меѓутоа по неколку секунди, мажите бегаат за да спасат „жива глава“, затоа што слоновите се спремни за „одмазда“.

Станува збор за легален лов на слонови, бидејќи во Намбија постојат неколку компании кои нудат сафари-лов на туристите. Сезоната трае од март до крајот на октомври и туристите се придружувани од професионален ловец.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено