Ужасни фотографии од камера за видео надзор од болницата Лисмор Бејс во Австралија се појавија по медиумите. На сликите се гледа како ментално болна пациентка под седативи е соблечена гола и фрлена во самица, каде што не добивала редовно храна и вода, пред да падне над 20 пати и да почине. Таа иако барала помош, никој од медицинскиот персонал не е помогнал.

Според извештајот на судскиот вештак Мириам Мертен починала од „повреди на мозокот, предизвикани од бројни падови.“

Никој од персоналот не ги проверувал нејзините витални знаци, иако тоа било задолжително според протоколот. Во собата во која што била сместена жената имало само душек и камера за надзор.

На снимката се гледа како Мириам шета гола по ходниците, прекриена со нејзиниот измет, а главната медицинска сестра смирено го брише подот, без да реагира на пациентката. По пуштање од изолација Мириам доживеала повеќе падови.

Во судскиот процес се докажало дека болницата веднаш ги отпуштила двете медицински сестри и тврделе дека до инцидентот дошло поради недостаток од персонал во болницата.

Со цел да се подигне свеста за условите во менталните институции, ќерката на Мириам, Корина ги доставила овие слики до јавноста.

Тања Дејвис, министерка за ментално здравје, по гледањето на видеото изјавила: „Во еден момент ми се превртеа цревата во стомакот. Стигнав до точка каде што ги затворав очите затоа што не сакав да видам што ќе се случи следно. Сеуште сум потресена за тоа што го видов. Се згрозив.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено