Започнала доста невина, како добротворна институција. Но на крајот Кралската болница Бетлем станала позната како Бедлам, едно од најлошите места во целиот свет.

Изграден од црквата

л01

Во 1247г. се отворил Приорат на новиот ред на Св. Богородица во Бишопсгејт, Лондон. Првичната цел на оваа институција била да се собираат пари за помош на црквата. Со зградата управувале монаси, а донираните средства ги дале на најсиромашните во Лондон. Години подоцна, кога монасите забележале дека има голем број на луди бездомници во Лондон, институцијата од добротворна ја преиначиле во лудница.

Умоболни

л02

Во тие денови никој не се разбирал многу од психијатрија. Луѓето кои имале состојби кои ние денес ги знаеме како депресија, деменција, шизофренија, епилепсија, анксиозност, проблеми со учењето и други ментални болести биле сите ставени заедно и биле третирани исто во Бетлем.

Монаси во надлежност

л03

Третманот, кој бил спроведуван од монаси, вклучувал секојдневни казнувања и учења на Светото писмо. Исхраната била едноставна и без зеленчук. Инвентарните записи покажуваат дека монасите купувале синџири, катанци и окови, веројатно средства со кои ги спроведувале „третманите“.

Бедлам

л04

Во 1370г. кралот Едвард III ги заменил монасите со луѓе кои биле познати како „чувари“ и кои немале никаква врска со работење во болница и со умствено болни луѓе. Во 1403г. благајникот на болницата Питер Тавернер бил обвинет за кражба и проневера.

Три века гнасотија

л05

Кога градот Лондон го превзел управувањето со болницатаво 1546г. гувернерите на Брајдвел си назначиле свои чувари. Нештата станале уште полоши. По инспекцијата во 1598, болницата била прогласена за „несоодветна за престој на било кое човечко сушстество“. Во тоа време во неа биле затворени 21 пациент кои повеќето биле држани заклучени околу десет години, а еден од нив таму бил повеќе од дваесет години.

Крук

л06

Кралот Џемс I за управител на болницата го назначил Хелкаја Крук, но требало да избере некој друг. Крук го оправдал своето име (Crooke кое звучи исто како crook – измамник, пробисвет). Тој си ги присвоил парите, крадел од пациентите а донациите си ги присвоил за себе. Тоа што не можел или не сакал да го задржи за себе, им го продавал на пациентите. Пациентите кои немале пари или роднини да се грижат за нив, гладувале.

Под нова управа

л07

Новиот крал, Чарлс I, наредил инспекција во Бетлем во 1631. Покренал истрага кога било утврдено дека повеќето пациенти биле изгладнети до смрт. Кралот поставил нов систем кој вклучувал редовно надгледување од лекар и посета на хирург и аптекар.

Палата на лудаците

л08

Болницата била затворена во 1667 и повторно отворена во нова зграда во Мурфилдс. Новата болница била пространа и скапа и станала позната како „Палата на лудаците“. По тринаесет години била отворена за јавноста како своевидна атракција.

Лудило на приказ

л09

Да, зградата била поубава, но ништо повеќе од тоа. Со пациентите и понатаму се постапувало сурово во оваа убава палата, при што со нив се однесувале како кон затвореници, а не како кон болни луѓе. Биле запоставувани, изгладнувани и затворени во изолација. На посетителите на болницата им била дозволена интеракција со болните, при што се однесувале кон нив скоро како кон животни во зоолошка градина. Посетителите од најразличните милјеа им давале парички на болните за да им пејат песни или да танцуваат. Некои од пациентите биле присилувани да се сретнат со посетителите и против нивна волја.

Лудница во вистинска смисла

л10

Посетителите не биле надгледувани. Пиеле алкохол и помеѓу болните се шетале сосема непречено. За време на празниците доаѓале во особено голем број при што биле доста гласни и непристојни. Еден писател од Лондон напишал дека Бетлем бил „шеталиште за безделници и никаквеци.“

Луда терапија

л11

Во 1795 дошол новиот управител Џон Хаслам. Тој верувал дека може да го излекува лудилото, и спроведувал своја терапија врз пациентите. Брутално биле тепани сѐ додека не почнале да се однесуваат како што се барало од нив. Неговиот терапевтски пристап значел целосна доминација. Пациентите биле полевани со студена вода и безмилосно злоставувани. Главниот хирург во болницата тогаш бил Брајан Краутер, најмен лично од Хаслам. Во мртовечницата на болницата Краутер почнал да врши експерименти, внимателно дисецирајќи ги мозоците на мртвите пациенти. Во тоа време тоа било незаконско дејство.

Измачувани

л12

Во 1814г. болницата ја посетил човек кој ги видел непристојните услови. Видел пациенти оковани за ѕидовите, голи и изгладнети. Еден човек, поранешен морнар, бил врзан со синџири кои можеле да се управуваат од персоналот. Кога тие ќе ги повлечеле синџирите, удирал со лицето во ѕид. Според персоналот, така живеел десеттина години.

Ужасно откритие

л13

Веднаш потоа во весниците се појавиле цртежи со ужасните сцени од болницата, што предизвикало уште една истрага, која ќе остане запомнета како најголемата истрага во историјата на болницата. Хаслам и неговиот хирург биле отпуштени.

Болницата се полни

л14

Во 1815г. била изградена нова зграда, во која биле преместени сите болни. Но, условите и понатаму биле несоодветни. Немало затоплување, а наскоро болницата почнала да се пренатрупува, па така биле изградени и дополнители одделенија и згради.

Нова ера

л15

Нештата почнале да се менуваат со доаѓањето на лекарот Вилијам Худ во 1852. Тој промовирал тивка и мирна средина, донел списанија и овозможил учење на занаети како начин да се занимаваат пациентите, а еднаш месечно организирал и игранки како начин на социјализација на пациентите, при што тие имале можност да се дружат со персоналот и посетителите – но на многу поинаков и подостоинствен начин.

л16

Во 1926 г. била изградена нова зграда и целата институција се преселила во Бекенхам во 1930г. Во 1970г. старата зграда на Бетлем била претворена во музеј кадешто биле изложени уметнички дела создавани од пациентите, како и архивски материјали од историјата на болниата. Бетлем до ден денес обезбедува психијатриска нега, и покрај тоа што деновите на окови и изгладнување се минато, болницата сѐ уште се нарекува Бедлам – лудница.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено