Во епизода на Симпсонови од 2010 година, со наслов „Boy meets Curl“, Хомер и Марџ започнуваат да се занимаваат со Карлинг и тие, заедно со директорот Скинер и неговата мајка, го предводат тимот на САД и добиваат златен медал за време на годинешните натпревари во Ванкувер.

Иронично во таа епизода, тимот на Симпсонови ја победи Шведска, исто како што САД направија во шокантната, напната победа над Шведска во Пјонгчанг во саботата.

Ова не е прв пат цртаниот филм, кој сега е во 29-тата сезона, да ја предвиди иднината преку комични и саркастични ситуации. Тие „ја предвидоа“ епидемијата на ебола, економските потешкотии во Грција и скандалот со коњско месо.

Пет години пред таа да влезе во NRG стадионот за да го претстави своето шоу за Супер Боул, Лејди Гага беше предмет на епизодата на Симпсонови наречена „Lisa goes Gaga“, во која ликот на Гага се спушта во Спрингфилд за да настапи, на ист начин како што го направи тоа пет години подоцна.

Во 1998 година, во една епизода во која Рон Хауард сака да режира филм кој го напишал Хомер една сцена ја прикажува надворешноста на 20th Century Fox и на знакот пишува „Дел од компанијата Волт Дизни.“

Дизни постигна договор за купување на 20th Century Fox, во декември 2017 година.

Најпознатата и најконтроверзната случајност е од 2000 година, од епизода наречена „Барт во иднината“, која Лиса Симпсон станува претседател и таа наследува „голема буџетска криза од претседателот Трамп.“

Сподели на Facebook
пати видено