Можеби засекогаш ќе останат нерешени, но никогаш нема да престанат да се раскажуваат и да ја будат љубопитноста кај секој од нас. Дали светот каков што го знаеме, вешто крие од нас тајни кои не секој може да ги види. Ова се уште четири случки по кои ќе останете целите со прашалници.

1. Ричард III и принцовите во Кулата

Во 2012 година беше откриен гробот на кралот Ричард III, под паркингот на местото Грејфриарс во центарот на градот Лестер. Ископувањето започнало затоа што Филипа Ленгли , која е дел од друштвото „Ричард III“, имала „чудно чувство,“ кога за прв пат пристигнала на оваа место. Овој очигледен пример за психичка археологијата не е единствената мистерија што го опкружува животот и смртта на Ричард. Многу истражувачи сметаад дека тој им пресудил на неговите внуци, 12-годишниот Едвард и неговиот девет-годишен брат, Ричард од Шрусбери, синови на кралот Едвард IV, кои во 1483 биле однесени во Кулата на Лондон од страна на нивниот чичко, Ричард и оттогаш им се губи трагата. Никој не знае точно што се случило со нив, но во близина на кулата во 17ти век биле пронајдени скелети од мали деца и тогаш се верувало дека тоа се коските на двајцата принцови.

2. Вселенскиот човек од Солвеј

Во попладневните часови на 23 мај 1964 година, вработен во противпожарна служба, Џим Темплетон ги фотографирал неговата сопруга и неговата мала ќерка на ливада во локалното место. Кога човекот отишол да си ги земе разввиените фотографии, вработен од студиото му рекол дека е права штета што една од фотографиите е упопастена од човек облечен во вселенски костум. На сликата на неговата ќерка Елизабет јасно се гледа фигура на човек, облечен во бел костум кој наликува на оние кои ги носеле астронаутите на НАСА во тоа време. Ниту полицијата ниту од компанијата Кодак не може да ја објаснат фотографијата.

3. Човекот молец

Во ноември 1966 година, четири американски тинејџери тврдеа дека виделе огромно чудовиште во облик на птица со големи црвени очи, додека се возеле по патот во рурален дел на Западна Вирџинија. Тие објасниле дека чудовиштето летало во воздухот со неговите крилја, кои личеле на лилјак и почнало да ги прати додека тие бегале со автомобилот. Следното утро канцеларијата на шерифот одржала прес-конференција, а медиумите го нарекле суштество “Mothman” (Човекот-молец) по серијата Бетмен, кој била покажувана на телевизија. По овие настани има снимено и филм, кој претходи на книга напишана од новинарот Џон Кил, кој пишувал за вакви слични инциденти со повеќе луѓе во долината на Охајо. Тој верува дека суштеството е поврзано на некој мистериозен начин со падот на Сребрениот Мост во „Point Pleasant“ во декември 1967, каде што загинале 46 лица, вклучувајќи и некои „Mothman“ сведоци.

4. Чудовиштата од длабочините

Дали длабочините на океаните кријат неоткриени видови на животни како што се големите „морски змијии“, кои беа забележани од страна на капетанот и екипажот на Деадалус во близина на островот Света Елена во 1848 година? Меѓу датотеки на Националниот архив и Природонаучниот музеј пронајдени се извештаи на слични суштества во записи од крајот на 19 до почетокот на 20 век, вклучувајќи и еден од Артур Конан Дојл, авторот на Изгубениот свет. Не можеме да кажеме дека ги знаеме сите видови на животни во морето и не треба да се изненадиме доколку повторно некој види животно кое што никогаш порано не било забележано и опишано.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено