Изграден во 1914 година, овој товарен брод со погон на пареа стана дел од британската компанија Хадсон Беј во 1921 година. Но во 1931 година екипажот го изгуби бродот и тој тргнал на соло патување. Дали е можно уште да плови таму?

Првично наречен Ångermanelfven, бродот го започнал животот во Шведска и го поминал раниот работен век на трговската маршрута до Хамбург. По Првата светска војна, бродот се преселил во Шкотска и станал дел од флотата на компанијата Хадсон Беј под ново име. Бродот ги посетувал трговските места по должината на канадскиот брег и пренесувал крзно, тутун, шеќер, чај и оружје.

Кон крајот на 1931 година Бајчимо останал заробен во мразот покрај крајбрежјето на Алјаска, а екипажот морал да го напушти бродот. Неколку храбри мажи останале да внимаваат на бродот и изградиле импровизирани засолништа на половина километар од бродот и нивниот план бил да чекаат да помине зимата, да внимаваат на бродот и да го вратат дома кога ќе се стопи мразот, но времето имало други планови.

Температурите растеле, мразот се топел и мочнала голема бура. Мажите биле приморани да не излегуваат од засолништата три дена, а кога бурата се смирила и тие излегле надвор, бродот го немало. Сите мислеле дека бродот потонал, но неколку дена подоцна некој Инуит кој ловел фоки го забележал како плови 70 километри од првичната локација.

Капетанот на бродот, Сиднеј Корнвел, го стигнал бродот го испразнил товарот и го оставил бродот да плови во арктичкиот океан, бидејќи сметал дека повеќе не е безбеден. И покрај чувството на Капетанот дека бродот не е способен да плови, Бајчимо се спротивставил на очекувањата и бил забележан 400 километри подалеку неколку месеци подоцна.

Имало повеќе видувања на бродот во наредните години, а обидите за враќање на бродот биле неуспешни. Последното видување било во 1969 година, кога бродот бил виден заглавен во мраз, повторно во близина на брегот на Алјаска.

Владата на Алјаска се обиде да го пронајде, но без успех и бидејќи нема пронајдени остатоци од бродот, постои шанса Бајчимо уште да плови во ледените води во близина на северниот пол.

Друг брод кој станал жртва на мразот бил и Шунер Џени. Откако се зглавил во мразот во близина на Јужниот Пол во 1823 година екипажот починал од глад. Морничавиот брод бил откриен во 1840 година од страна на екипажот на друг брод. Кога се качиле на бродот глетката била ужасна. Телото на капетанот уште се наоѓало во седната положба на неговото биро и држел пенкало во раката. Неговиот последен запис во дневникот?

Шунер Џени

„4 мај 1823 година. Без храна 71 ден. Јас сум единствениот кој остана жив.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено