Виктор Лиалко, признат мајстор за боречки вештини, напиша книга во која ги опиша најефикасните методи на самоодбрана за да им помогне на жените во случај некој да ги нападне. Ова се едни од најлесните и најефикасните потези за различни ситуации. Секоја жена може да ги направи овие без разлика колку е голем или тежок напаѓачот.

1. За почеток, запаметете ги ранливите места.

Не е важно колку е голем или тежок вашиот напаѓач затоа што може да се победи некој ако знаете кои се најранливите места. Главни се очите, носот, грлото, градите, колена и препоните.

2. Наједноставните и најефикасните потези:

Овие потези се едни од наједноставните и ќе можете да ги направите и доколку напаѓачот ве изнанади. Фатете ги малиот и домалиот прст со едната рака, а средниот и показалецот со другата и свиткајте му го зглобот. Ако не можете да ја фатите раката на противникот, удрете го со тупаница или со прст помеѓу клучните коски или адамовото јаболко.

Напаѓачот најлесно можете да го „победите“ доколку го удрите во препоните. Тоа ќе ви даде доволно време да избегате.

3. Ако ве зграпчат однапред:

Доколку напаѓачот ве фати однапред и не можете да ги кренете рацете, направете го следното: придвижете ги дланките напред и направете тупаници пред вашата карлица. Ова ќе направи доволно простор помеѓу вас и напаѓачот. Потоа удрете го напаѓачот по нос со вашето чело. Поради ударот, тој ќе се оддалечи од вас, а ова ќе ви даде шанса да го удрите по препоните со коленото.

А ако сè уште има простор помеѓу вас и напаѓачот, можете да се заштитите со вашата дланка. Исправете ја левата рака и удрете го напаѓачот по брадата и носот со десната. Потоа удрете го во препоните. Ова ќе го дезориентира напаѓачот и ќе имате време за бегање.

4. Како да ги ослободите рацете:

Лесно можете да се ослободите доколку некој ве зграби за раката ако се сетите на правилото на палецот: Завртете ја вашата рака кон внатрешноста на палецот на напаѓачот. Ако цврсто ви ја држи раката, вртете го зглобот кон палецот. Кога вашата рака е под раката на напаѓачот, извлечете ја најсилно што можете.

5. Ако ве зграпчат одзади:

Напаѓачите најчесто доаѓаат одзади бидејќи ова е најлесен начин да ги „заробат“ рацете на жртвата. За да се ослободите, треба брзо да се навалите назад и да се обидете да го удрите напаѓачот со задниот дел од главата. Во ред е ако промашите, бидејќи целта е да го натерате напаѓачот да ја испружи едната нога напред. Кога ќе го направи тоа, брзо наведнете се, фатете ја неговата нога и повлечете нагоре. Напаѓачот ќе изгуби рамнотежа и на овој начин ќе падне на земја без разлика на неговата големина.

6. Ако ве зграпчат од страна:

Ударот со лакот е најопасен во речиси сите боречки вештини. Токму овој удар ви е потребен ако напаѓачот доаѓа од страна. Удрете го по слепоочницата, вилицата или носот. По овој удар, напаѓачот ќе направи неколку чекори назад. Тогаш удрете го во стомакот или градите. Овие удари се силни и ќе го дезориентираат секој противник.

7. Ако сте притиснати до ѕид:

Многу често се случува напаѓачите да ги притиснат жртвите до ѕид. Во оваа ситуација важно е да ги запомните најранливите места и да удрите едно од нив во зависност од вашата позиција.

Ако двете раце на напаѓачот се горе, исправете ја дланката и удрете го по пазувата. Доколку една од вашите раце е долу, имате шанса да го удрите противникот во градите, вратот или вилицата. Сепак најефективен и најмоќен удар е оној со вашата глава. Клекнете малку за да бидете пониско од напаѓачот. Потоа брзо скокнете и удрете го во вилицата со вашето чело. Со овој удар сигурно ќе добиете шанса за бегство.

Се надеваме дека нема да имате потреба да ги употребите овие техники, но сепак не знаеме што може да донесе животот и ваквите движења би можеле да ви го спасат животот.

Сподели на Facebook
пати видено